Позирајќи до Ролс-Ројс, Ламборгини Ураган и заканувачка толпа маскирани мажи, албанскиот рапер „Стелт“ носи застрашувачко предупредување.
„Ние ќе ве застреламе затоа што на Албанците не им треба причина. Тие се обидуваат да не фатат, но Албанците не можат да бидат фатени.“, вели текстот во песната. Пркосното видео нуди шокантен увид во албанската мафија во Велика Британија. До неодамна истражувањето било држано во тајност, но сега е откриено дека се работи за онлајн „реклами“ за регрутирање на повеќе членови.
Објавувајќи фотографии од членовите на мафијата со митралези, купишта пари, златни часовници, членовите на мафијата се обидувата да ги убедат криминалците од Албанија да одат во Велика Британија за да се приклучат на нивната мрежа, велат експертите.
Корисниците на дрога од средна класа се „воодушевени“ од огромните профити на криминалното царство на Албанците, кое ја контролира продажбата на кокаин во Британија од 5,5 милијарди евра.
Албанците фатиле директни врски со бруталните латиноамерикански картели, намалувајќи ја цената на дрогата од класа А и имаат подвижна контрола над дистрибуцијата на кокаин во Велика Британија. За првпат Албанците го сочинуваат најголемиот број странски државјани во британските затвори, со 802 Aлбанци зад решетки.
Албанските најмени убијци во Велика Британија наплаќаат од 16.000 до 100.000 евра за атентат. Освен „музичките спотови“ исто така го покажуваат „раскошот“ и на социјалните мрежи.
Д-р Мохамед Квазим, експерт за банди на Универзитетот Лидс Бекет, вели: „Овој раскошен начин на живот е порака до другите да им се каже ‘ние сме успешни’, а тоа е исто така порака до ривалите која пренесува ‘ние правиме повеќе пари од вс’. Тие обично се враќаат во Албанија во голем број за роденден или свадби и има потреба да се покажат дека се успешни, што се мери во тоа колку тие можат да потрошат на забава“.