Секоја ноќ веројатно сонувате до шест различни соништа, но на колку од нив се сеќавате? Повеќето од нас можат да се сетат до три соништа во неделата, а некои тврдат дека воопшто и не сонуваат. Бидејќи не можеме да ги видиме соништата на другите луѓе, не постои начин да ги побиеме или потврдиме нивните изјави. Но, нови откритија сугерираат дека секој сонува.

Во текот на нејзината работа при универитетската болница Питие-Салпетриер, Изабела Арнулф го испитувала нарушувањето на РЕМ фазата при спиење, при што луѓето дејствуваат во текот на РЕМ фазата. Целта на нејзиното истражување било да испита дали навистина постојат луѓе кои не сонуваат.

За време на РЕМ сонот, телото типично е парализирано, што овозможува да се сонува Но кај луѓето кои страдаат од ова нарушување делот од мозокот кој ја контролира оваа привремена парализа (and deteriorates with age) не функционира како што треба (и со текот на возраста состојбата на овој центар се влошува. Откако било идентификувано ова нарушување во 1986 година, се утврдило дека луѓето кои страдаат од него посегнуваат, зграпчуваат, мафтаат со рацете, ракоплескаат, зборуваат, викаат, пцујат, удираат, клоцаат, стануваат и паѓаат од креветот.

qz_rbd_v7

Арнулф си помислила дека би можела да ги проучува пациентите на ова нарушување кое се нарекува RBD (REM Sleep Behavior Disorder) кои тврдат дека никогаш не сонуваат и на тој начин да дојде до физички доказ дека не се во право. Во текот на десет години, таа и нејзините колеги успеале да најдат 300 пациенти кои страдаат од RBD, од коишто осуммина не можеле да се сетат дека сонувале некаков сон во последните десет години, меѓу коишто четворица тврделе дека никогаш ни не сонувале.

За експериментот Арнулф ги регрутирала овие осум пациенти и контролна група од седумнаесет други RBD пациенти, за да бидат подложени на видео надзор додека спијат и потоа да одговараат на прашања во врска со нивните соништа. Исто така биле подложени и на мемориски тестови за да се утврди нивната способност за помнење и да се види дали тоа придонесува кон отсуството на помнење дека сонувале.

Ресултатите, објавени во „Журнал за истражување на спиењето“ посочваат дека сите овие луѓе влегле во состојба на сон. Со оглед на тоа дека сѐ уште немаме пософистицирани начини да ги тестираме соништата, Арнулф верува дека ова е најдобриот доказ досега кој сугерира дека сонувањето најверојатно е универзална активност.

„Кога ќе ги споредите двете групи, сосема е јасно дека сите сонувале“, вели Арнулф. „Единствената разлика е во тоа што овие осуммина пациенти не се сеќаваат на тоа“.

Еден од RBD пациентите кој се откажал од пушењето бил фатен на камерата како ужива во замислена цигара. Друг седнал исправен на креветот и почнал да извикува вулгарности, па дури и фрлал работи од масичката крај креветот. Но, ништо не можело да им помогне да се сетат што сонувале.

Сподели на Facebook
пати видено