Во стари, прастари времиња имало едно племе, кое се нарекувало Љубов, и секој негов член исто така се нарекувал Љубов. Една Љубов била скромна и кротка, друга – жесток и љубоморна, трета – силна и длабока, имало многу членови во племето, но сите биле различни.
Племето Љубов сакало да ги набљудува луѓето, им било жал за нив. Луѓето бесцелно лутале по светот, правеле грешки и не учеле од нив. Не знаеле како да научат. Еднаш една мудра Љубов рекла: „Да појдеме кај луѓето и да ги научиме да сакаат и да живеат“. Идејата им се допаднала на останатите и тие тргнале…
Се покажало дека сепак срцата на луѓето биле населени од претставници на многу други племиња. Внатре биле Стравот, Подлоста, Гневот, Лагата, Глупоста, Предавството, Сомнежот, Очајот и многу други. Тие очајно се бореле да владеат со човечкото срце, но Љубовта победила и му помгнала на човекот да ги протера сите непријатни жители. Сега бесконечната Љубов владее со човечкото срце.
Но еден ден мудрата Љубов се растажила. Таа сакала да тргне да ја бара Среќата (нејзиниот придружник од другото племе, кое се нарекува Среќа) и му кажала за тоа на човекот. Човекот првин молчел, па и одговорил:
„Како без тебе ќе успеам да го заштитам срцето од непријателите?“ Љубовта се замислила и му одговорила: „Ние ќе изградиме во твоето срце висок ѕид и на тајно место во него ќе направиме врата. Кога ќе ја најдам Среќата и ќе се вратам со неа ќе ги отворам со мојот клуч. Дотогаш никој не може да влезе во твоето срце.“
Човекот се согласил и ја замолил Љубовта да се врати брзо. Љубовта се плашела дека човекот ќе ја заборави и затоа во неговото срце ја оставила својата пријателка, Тагата.
Љубовта пловела по светот и се сретнувала со свои соплеменици кои исто така ја барале својата Среќа. По целиот пат Љубовта била пратена од протераните Очај, Сомнеж и слични чувства, кои се обидувале да ја скршат. Еднаш кога Очајот за малку ќе успеал да ја скрши Љубовта, таа ја забележала Среќата на брегот на океанот. Љубовта седнала до Среќата.
Среќата почнала да зборува: „Те чекав“
Така Љубовта и Среќата останале заедно и имале и деца. но нивните непријатели не ги оставале на мира и ги проколнале нивните деца и нив на слепило. Тоа не ги спречило Среќата, Љубовта и нивните деца, бидејќи тие биле заедно. Но еден ден Љубовта се сетила дека оставила еден човек со Тага во срцето, кој ја чека да се врати. Среќата и Љубовта се фатиле рака под рака и тргнале да го бараат човекот. Го бараат и денес…
Понекогаш некои измамници го крадат клучот и влегуваат во срцето на човекот Страст, Љубомора, Желба да поседуваш друг по секоја цена. Понекогаш Љубовта и Среќата ќе го пронајдат ѕидот во срцето на човекот, но не и вратата, бидејќи нели се слепи.
Затоа, ако мислите дека љубовта Ве заборавила сетете се на оваа приказна. Можеби во овој момент Љубовта и Среќата се пред ѕидот на Вашето срце, но не можат да ја најдат вратата. Помогнете им. Тие го имаат клучот…