Понекогаш едноставно морате да избегате од сѐ – буквално да избегате – но можеби помислата на дивината без современите удобности не ви се допаѓа многу. Токму затоа „Куќата во морето“ би можела да биде најдоброто одредиште за одмор ова лето, ако не друго, барем во мечтите.

k01

k02

Куќата се наоѓа на еден мал остров (кој повеќе изгледа како една голема карпа) во близина на англискиот брег во Њуквеј, Корнвел. Пристап до куќата се остварува единствено преку еден мост од соседниот остров. Штом ќе го минете мостот, веднаш сте заштитени од останатиот свет во вашата островска тврдина. Куќата се изнајмува лете и за викенди. Како што и погодувате, воопшто не е ефтина.

k03 k04 k05

Внатре куќата е опремена со сите потребности, а дури има и затворени градини и целосно опремен бар. Куќата може да смести четири луѓе. Ги има сите современи удобности, па така иако сте изолирани на овој мал камен во океанот, сепак можете да гледате телевизија.

k06 k07 k08

За екстра одмор, можете да нарачате и кетеринг услуга, при што директно во куќата се донесуваат кошници со храна и пијалоци. Можат да бидат нарачани и спа третмани. Се разбира, ова дополнително може да ги зголеми трошоците, но нели тука си мечтаеме, така што, ако мечтаете, мечтајте со стил.

k09 k10

Сподели на Facebook
пати видено