1. Ако ja препратите оваа порака на уште 10 лица – следните 24 часа ќе те огрее таквa среќа што ќе престанеш да крадеш од Диазепамот на баба ти.
2. Ако ja препратите оваа порака на уште 10 лица – лошиот пес на твојот глуп сосед ќе биде згазен од пијан возач на автобус.
3. Ако ja препратите оваа порака на уште 10 лица – оној во кој си вљубен(а) ќе ти затропа на вратата и ќе те праша за секс… или барем да се ожените.
4. Ако ja препратите оваа порака на уште 10 лица – за 48 часа татко ти ќе те праша дали сакаш да ти купи БМВ или Порше за следниот роденден.
5. Ако ja препратите оваа порака на уште 10 лица – надарената секретарка на газдата ќе дојде во вашата канцеларија и ќе ве “обработи“.
6. Ако ja препратите оваа порака на уште 10 лица – ќе добиеш на лото. Ако никогаш не купуваш лото ливче ќе ти подарат едно и пак ќе добиеш!
7. Ако ja препратите оваа порака на уште 10 лица – полицаецот што те застана пред некој ден само за да те казни, за 24 часа ќе биде отпуштен за непристојно однесување – секс со полициско куче на прометна улица во 5 попладне.
8. Ако ja препратите оваа порака на уште 10 лица – жена ти никогаш повеќе нема да те тера да го фрлаш ѓубрето. Ако си жена – мажот ти никогаш повеќе нема да сака да гледа натпревар кога ја даваат твојата омилена турска серија.
9. Ако ja препратите оваа порака на уште 10 лица – колегите никогаш повеќе нема да ти даваат да ја извршуваш нивната работа, а наместо тоа ќе доаѓаат секое утро да те прашаат дали имаш работа за нив.
10. Ако ја препратите оваа порака на уште 10 лица – никогаш соседната редица нема да се движи побрзо од твојата.
11. Ако ја препратите оваа порака на уште 10 лица – телохранителите во омилената дискотека секогаш ќе го отвораат VIP влезот за вас и ќе ви ги бакнуваат нозете пред сите.
12. Ако ја препратите оваа порака на уште 10 лица – пратеникот, за кој си гласал(а) ќе ги исполни предизборните ветувања.
13. Ако ја препратите оваа порака на уште 10 лица – никогаш нема да ја фатиш жена ти додека те мами (ниту пак таа тебе!).
14. Ако ја препратите оваа порака на уште 10 лица – за 24 часа ќе ти понудат нова, интересна и добро платена работа.
15. Ако ја препратите оваа порака на уште 10 лица – ќе живееш среќно за век и веков!
16. Ако СЕПАК ја препратите оваа порака на уште 10 лица, нив ги очекува една година несреќа, 6 месеци лош секс и 3 месеци запек!
17. Ако ја препратите оваа порака на уште 10 лица – и сите овие 10 лица ја препратат уште на 10… и така 20 пати (што прави точно 100 000 000 000 000 000 000 пораки), толку многу пари ќе легнат на вашата сметка!!!
18. Ако РЕШИТЕ да ја препратите оваа порака на уште 10 лица – можеби тие ќе сфатат колку е смешно да се препраќаат вакви пораки и можеби тоа ќе биде последен спам, кој овие 10 луѓе некогаш ќе ти го препратат тебе и на други луѓе… и од сите 18 причини оваа всушност е причината поради која навистина вреди да ја препратите оваа порака на уште 10 лица!