Моите родители многу добро ме воспитаа уште од малечок:
Не ми даваа да излегувам со другарите, бидејќи тие пушеле, пиеле, не оделе на училиште…
Јас бев примерен ученик, завршив средно, а потоа и тежок факултет. Сега често се гледам со истите тие другари од детството.
На овој нешто цевка му пукнала во бањата, на оној да му ја променам шолјата, на друг да му помогнам да ја отнам канализација… затоа што јас работам во Водовод, а тие станаа успешни бизнисмени.