Агент на ФБИ случајно застрела гостин во бар во Колорадо, откако додека изведувал „салто мортале“, во буквална смисла на зборот. Во тој момент пиштолот му паднал и испукал куршум кога тој тргнал да го земе. Повредениот маж се здобил со рана од куршум во ногата и веднаш бил однесен во болница.

„Според извештаите агент на ФБИ кој не бил на должност танцувал во ноќен клуб кога неговото огнено оружје испаднало од футролата и паднало на подот. Кога агентот го земал својот пиштол, ненамерно испукал куршум и друг посетител бил погоден во долниот дел од ногата.“, се вели во соопштението од полицијата во Денвер.

Агентот не изгледа премногу загрижен, затоа што испукал куршум од неговото оружје во преполн бар. Девојката која го снимила инцидентот, позната само како Џули не можела да поверува дека е сведок на таква глетка, таа изјавила: „Сите бевме шокирани кога се случи тоа, затоа што агентот си го врати пиштолот и си замина. Никој не знаеше што навистина се случува. Само сакам да видам дали пријателите кои ги познавав се во ред.“

Агентот бил однесен во полицискиот штаб на Денвер и бил пуштен во притвор под ФБИ супервизор. Канцеларијата на Окружниот правобранител во Денвер го разгледува случајот и ќе утврди дали ќе бидат поднесени обвиненија против агентот.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено