Славна по својот прекрасен пејзаж, карпестиот брег и кристално јасните води, аеродромот на медитеранскиот архипелаг Малта е именуван како аеродром со најспектакуларна пристапна глетка. Европскиот остров го зазеде местото на врвот во неодамнешна анкета во која беа опфатени авионски патници и експерти, надминувајќи ги претходните победници Ница, Франција и Квинстаун, Нов Зеланд.
Патниците го избрале победникот поради спектакуларната глета при приоѓањето кон аеродромот, при што во прозорското окно се сместуваат островите Малта и Гоцо, заедно со синото море, зеленило и градови. Џо Шарки, поранешен репортер за Њујорк Тајмс кој бил дел од панелот кој ја формирал кратката листа за анкетата, кажал: „Приоѓајќи од разбрануваното сино море, наеднаш се појавува малиот и изолиран карпест остров и вие веднаш ја разбирате милениумската геостратешка важност на Малта во Средоземието.“
По Малта, на листата следуваат Ница и Квинстаун, четвртото место му припадна на Бара во шкотските Надворешни Хебриди, додека петтото место му припадна на холандскиот остров Саба во Карипското Море.
1. Малта
2. Ница, Франција
3. Квинстаун
4. Бара, Шкотска
5. Саба
6. Торонто
7. Карикфин, Ирска
8. Св. Мартин
9. Лос Анџелес
10. Лондон