Еуан Раначан не е обичен фотограф на диви животни. Тој не фотографира птици, елени или слично, туку сака да се „зближи“ со еден од најголемите предатори на планетата, големите бели ајкули.
Додека некои од нас се ежат кога само ќе ги погледнат на фотографија, овој човек застанува пред нив и е тој што ги прави ваквите неверојатни фортографии.
Неговите „блиски средби“ го одземаат здивот на секој човек и сега тој открива како ги прави неверојатните фотографии.
34-годишниот Раначан отсекогаш бил фасциниран од морските предатори – но тој признава дека морал да го „преработи“ мозокот за да собере храброст за да влезе со нив во водата.
„Кога луѓето ги гледаат моите фотографии, 90% од времето реакцијата е „Луд си! Мислам дека како и повеќето луѓе, мојата фасцинација веројатно се роди од страв.“, вели лондонскиот фотограф. Неговата опсесија со ајкулите започнала со култниот филм на Стивен Спилберг Jaws, но тој сакал да оди чекор подалеку и запливал со нив.
„Тие достигнаа состојба на еволуциско совршенство пред милиони години, и оттогаш останаа исти.“, вели фотографот кој е фасциниран од животните. Тој вели дека најтешкиот дел е да се остане смирен со ајкулите, но дека тоа е најнеопходното нешто доколку сакате да останете живи.