Адидас се здружи со мултидисциплинарна организација за заштита на околината наречена Парли за Океаните за да создаде концепт на патики изработени целосно од пластичен отпад и отфрлени рибарски мрежи извадени од морето. Рибарските мрежи се голем чинител во загадувањето на океанот. Во минатото, компанијата Адидас беше обвинувана од Грин Пис и други организации за заштита на природната околина, па така ова е обид да си ја поправат својата репутација. Производството на патиките е сѐ уште неизвесно, но од Адидас ветуваат дека во почетокот на 2016 година ќе почнат да употребуваат рециклирани влакна.