Монтирањето на телевизор на ѕидот може да биде скапо и бара време а понекогаш и целосен редизајн на вашата соба. Но, од LG веруваат дека нашле идеално решение. Гигантот за електронски уреди на светскиот пазар ќе лансира „ултратенок телевизор“ кој е потенок од еден милиметар и со своите 1.9 килограми е доволно лесен за да може да биде закачен со помош на магнети.
Во моментот технологијата за OLED телевизор е се уште во зачеток. Телевизорот ќе може да се залепи на ѕидот со помош на магнетно подножје, а кога ќе сакате да го отстраните од ѕидот, го одлепувате како што би одлепувале ѕидни тапети. Оваа можност се должи на фактот што за разлика од LCD екраните, на OLED екраните не им е потребно заднинско осветлување. Од LG Display веруваат дека ова ќе биде технологијата на иднината кога станува збор за мониторите и екраните. Иако во компаниите како Samsung, LG и Sonу веќе се употребени OLED екрани, цената за нивното производство е сѐ уште премногу висока за поширока употреба.