Жител на Голбурн во Австралија едно утро се разбудил и видел дека неговиот дом и полето крај него се покриени со сенишен ќилим од младенчиња на пајаци кои паднале од небото.

pj01

pj02

„Јас сум на десет минути надвор од градот и можете јасно да видите стотици мали пајачиња кои лебдат наоколу со нивните мрежи, а мојот дом е прекриен со нив“, вели Иан Вотсон на Фејсбук. „Некој нека повика научник!“

pj03

Жителите се жалат дека не можат да излезат надвор без да стапнат на мрежите, или без да им се вплеткаат пајаци во косите. Сепак, ова не е никаков предзнак за судниот ден, туку е вид на автостоперство измислено од мајката природа.

Ова однесување, познато како „балонирање“ е начин на кој малите пајаци откако ќе се изведат наоѓаат нов дом. Првин испуштаат нишки од нивниот стомак. Кога нишките ќе станат доволно големи, ги пнесува ветерот и на тој начин се пренесуваат на друго место.

„Тие буквално можат да патуваат со километри, и токму поради таа причина на секој континент има пајаци. Се појавуваат дури и на Антарктикот, но таму едноставно умираат. Цели полиња, ливади и дрвја знаат да бидат покриени со оваа Ангелска Коса како што некои ја нарекуваат“, вели природонаучникот Мартин Робинсон.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено