Како да не се симпатични сами по себе, сега дознаваме дека има и екстра мали верзии на магарињата.

mg01

Минијатурните магариња природно се наоѓаат во Северна Африка и медитеранските острови Сицилија и Сардинија.

mg02

Тоа не се младенчиња, туку посебна раса на магариња.

mg04

Мини магарињата на раѓање тежат од 7 до 13 килограми.

mg05

И покрај нивната големина, минијатурните магаренца можат да се истренираат да работат. На тригодишна возраст се способни да влечат количка или да носат товар.

mg07

Мини магарената се мили и послушни животни. Често се чуваат како миленичиња и се познати по својата приврзаност и лојалност кон луѓето, но и кон другите животни.

mg08

На фармите, мини магарињата можат да се зближат со овците, заштитувајќи ги од предаторите како лисиците, којотите и дивите кучиња.

mg09 mg10

Ги сакаат децата и се дополнително внимателни и љубезни со нив.

mg11

Магарињата се социјални животни, што значи дека секогаш имаат потреба од друштво.

mg12

Си имаат свои начини да го привлечат вниманието ако се почувствуваат запоставени.

mg13

Магарињата се стереотипизирани како „тврдоглави“ животни, но тоа е само затоа што се претпазливи и имаат добро помнење. Ако нешто ги исплашило во минатото, тие ќе го запомнат тоа.

mg14

На крајот на напорниот ден, галењето и гушкањето на мини магаренце е можеби токму тоа што ви треба.

mg15

Коњско и магарешко ждребе си играат заедно.

мg03

Возрасните магариња достигнуваат височина до еден метар. Ова е Нихи, кој го држи Гинисовиот рекорд за најниско магаре во светот. Висок е само 64 сантиметри.

мg06

Сподели на Facebook
пати видено