Се викам Ана Ларсон, сопственик на фотографското студио во Вашингтон. Пред две години потсвесно започнав фото серија со моите две ќерки, фотографирајќи ги како се играат. Семенеш е од Етиопија и ја посвоив пред пет години, додека Хејвен ми е биолошка ќерка.
Нивната блиска врска беше очигледна преку слииките и се забележува сличноста која цвета од пријателството. Тие си се свои личности со многу различни карактери, а сепак се забележуваат сличности кои се раѓаат од нивната блискост. Двете души се родени на спротивни страни на светот, заедно се ставени при посвојување, а сега се неразделни. Планирам да продолжам да ги фотографирам такви какви што се, дозволувајќи ѝ на серијата да расте со нив. Не е кожата тоа што нѐ прави различни, ниту тоа предизвикува дележ и оддалеченесот. Не, тоа е недостатокот на единство. Кога растеме едни крај други, нашите сличности цветаат.
Како мајка на три деца, го засакав документирањето на животот и човечките врски во секојдневието. Секојдневно ги фотографирам моите деца, но исто така сакам и са ги раскажувам приказните на другите. Мојата страст за оваа уметност е во фотографирањето на раѓањето и семејството. Секој миг е живот, а имањето слики кои нѐ потсетуваат за деталите во нашите приказни е толку прекрасно нешто.