Осумнаесетгодишната Медлин Стјуарт неодамна реши да стане манекенка. Нејзината приказна ги полни насловните страници бидејќи таа сепак на определен начин е особена. Имено, Медлин има Даунов синдром.
Бидејќи ужива во пливањето и танцувањето, на Меди почнале да ѝ пречат вишокот килограми. Со помош на нејзината мајка, таа ослабела 20kg. Новопронајдената енергија и самодоверба ја инспирирале да се обиде во манекенството. Нејзината инспиративна приказна наскоро нашла поддршка кај марката Living Dead“, која се гордее со фактот дека потпишува договор со модели со најразличен тип на тело.