Секој бетон на крај пука и попушта, но ако му се додадат малку бактерии, тоа може да помогне во одржувањето на неговата цврстина кога ќе почне да се случува тоа.
Хенк Јонкерс, микробиолог од Технолошкиот универзитет во Делфт, Холандија, работел на усовршување на концептот на биобетон уште од 2006 година.
„Заздравувачкиот агенс“ содржи бактерија која може да произведува варовник, се меша со обичниот бетон.
Кога бетонот пука и во него ќе почне да навлегува водата, бактеријата се активира.
По два месеци, „заздравувањето“ на пукнатината е значително.
Бетонот е најполуларниот градежен материјал во светот и оваа мала промена може да значително да го продолжи векот на идните градби.