Често кога луѓето бараат некој совет, најмногу можете да им помогнете така што ќе им поставите прашање на кое тие самите ќе го најдат одговорот. Кога така прават, тие самите донесуваат свои заклучоци кои што се најправилни во нивниот случај, бидејќи кој подобро ве познава од самите вас? Еве некои такви прашања за чиј одговор вреди да размислите.
1. Кога не би знаеле колку години имате, колку години би си дале на себеси?
2. На крајот на вашиот живот, дали повеќе би кажале, или повеќе би направиле?
3. Ако просечниот човечки век би траел само четириесет години, на кој начин би си го организирале животот?
4. Дали би ги правеле вистинските нешта, или нештата би ги правеле на вистински начин?
5. Што е подобро: загрижен гениј или среќен идиот?
6. Ако среќата беше платежно средство, што е тоа што би ве направило богати?
7. Дали повеќе би сакале да ги загубите вашите стари сеќавања, или да не можете да стекнувате нови?
8. Дали можете да ја спознаете вистината без да ја доведувате во прашање?
9. Дали некогаш сте се соочиле со вашиот најголем страв? Ако не – тогаш зошто тоа е вашиот најголем страв?
10. Дали едноставно сте живи, или навистина живеете?
11. Дали денес направивте нешто на коешто во идинина ќе можете да се сетите?
12. Дали го правите тоа во што верувате? Или едноставно се провлекувате низ животот?
13. Колку сте успеале да го контролирате правецот во кој тргнал вашиот живот?
14. Кога би можеле на некого да му дадете совет, кој совет би бил тоа?
15. Дали ја гледате линијата помеѓу лудилото и креативноста?
16. Кога би можеле да промените само едно нешто во врска со светот, што би било тоа?
17. Дали би се откажале од десет години од вашиот живот во замена да бидете убави или познати?
18. Дали повеќе би сакале да работите помалку, или да работите повеќе, но да ја работите работата што ја сакате?
19. Дали се чувствувате како секој ден одново да проживувате еден ист ден?
20. Ако учиме од нашите грешки, тогаш зошто толку се плашиме да ги правиме?
21. Како тоа што вас ве прави среќни, не ги прави среќни и сите останати?
22. Зошто вие сте вие, а не некој друг?
23. Што би направиле поинаку ако никој не би ве осудувал за тоа?
24. Што е тоа во вашиот живот што навистина го сакате?
25. Одлуките кои ги правите токму сега: дали се за вас, или за некој друг?
26. Знаејки дека еден ден ќе умрам, како би требало да живеам?
27. Што е полошо, да не успееш или никогаш да не се обидеш?
28. Што е тоа што го чувам во себе, а од кое би сакал да се ослободам?
29. Дали нешто што пред пет години ме вознемирило сега воопшто е важно? Зошто
30. Ако не сега, кога?