Како што веќе имаме пишувано, луѓето од западна Европа во минатиот век имале чудна претстава за тоа што би требало да е забавно и има некои показатели кои сведочат дека знаеле да бидат сурови кога станува збор за луѓе од другите, „примитивни“ култури.

Во 1880 година, еден Инуит по име Абрахам Улрикаб се согласил да биде дел од човечка „зоолошка градина“ во Германија, заедно со неговото семејство. За возврат на тоа му биле ветени пари и прилика да може да ја види Европа, но за членовите на ова семејство никогаш немало време да се прошетаат и да ги разглеаат знаменитостите во местата кадешто настапувале, бидејќи само четири месеци откако почнале да ги покажуваат на белите Европејци, сите членови на семејството се заразиле од сипаници и починале. Стотина години по ова, коските на Абрахам биле вратени во Лабрадор, Канада.

Норвешкиот научник Јохан Адриан Јакобсен го убедил Абрахам да биде дел од неговата изложба во Берлинската зоолошка градина, велејќи му дека ќе му бидат дадени доволно пари за да може да го врати неговиот долг од десет фунти кон некои христијански мисионери.

in01

Абрахам, неговата сопруга и двете мали ќерки се качиле на едреник заедно со друго семејство Инуити и во Хамбург пристигнале на 24. септември 1880 година. Откако патувале наоколу при што биле изложувани како да се животни, 15-годишната ќерка на друго семејство одеднаш починала. Една седмица подоцна и нејзината мајќа умрела од мистериозни причини.

in02

Се утврдило дека причината за смртта биле сипаници. Според законот, Јакобсен требало да ги вакцинира пред да влезат во Германија, но тој наводно заборавил. Патувачката „зоолошка градина“ пристигнала во Париз, но до 16. јануари сите членови на двете семејства Инуити умреле од сипаници. Урлик, жената на Абрахам била последната.

in03

И покрај тоа што биле изложувани како да се животни, Абрахам всушност бил писмен човек и бил посветен христијанин, како и добар виолинист. За неговото патешествие нив Европа водел личен дневник, кој заедно со неговата оставнина бил вратен во Европа.

in05

Телото на Абрахам Улрикаб било најдено во 2014 година во Францускиот природонаучен музеј. Неговите останки ќе бидат вратени дома како заеднички напор на владите на Канада и Франција.

Неверојатн е тоа како луѓето толку лесно забораваат дека длабоко внатре сите носиме иста душа, што и да значи тоа, и се сосредоточуваат на површни нешта како бојата на кожата и телесните карактеристики, не можејќи да согледаат дека тие се само одговор на животната средина во која се нашла дадена група на луѓе. Не постојат никакви раси, има само една, човечка раса.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено