Еден постар градител решил предвреме да се пензионира. Тој му кажал на својот работодавач за неговите планови да ја напушти работата со градење куќи, да живее поудобно со неговата жена и да ужива во неговото пошироко семејство. Иако знаел дека ќе му недостига чекот за плата секоја недела, тој сепак сакал да се пензионира.
На работодавачот му било жал бидејќи неговиот добар работник си оди и го прашал дали би изградил само уште една куќа како лична услуга. Градителот се согласил, но се гледало дека не му е по мерак работата. Тој почнал да работи брзо, не внимавал на квалитетот и користел неквалитетни материјали. Единствено битно му било да ја заврши работата и да се пензионира побрзо.
Кога градителот ја завршил својата работа, неговиот работодавач дошол да ја прегледа куќата. Тогаш работодавачот му го предал клучот од надворешната работа на градителот и му рекол: „Ова е твојата куќа….мој подарок за тебе.“
Градителот бил шокиран!
Каква штета! Кога само би знаел дека ја гради сопствената куќа, ќе ја направеше потполно поинаква.
Така е и со нас. Ние ги градиме нашите животи, ден по ден, и често избрзуваме и градиме помалку отколку најдобро што можеме. Во животот доаѓа ден кога сфаќаме дека треба да живееме во куќите кои сме ги изградиле. Кога би можеле повторно, би ги изградиле поинаку, но не можеме да го вратиме времето назад.
Некој некогаш рекол: „Животот е направи-сам проект.“
Вие сте градители, и секој ден ставате клинец, плоча, или подигате ѕид.
Вашиот став, и изборот кој го правите денес, помагаат во градењето на „куќата“ во која ќе живеете утре. Затоа, градете мудро!