Името ми е Јакуб Павловски, имам 21 година и сум голем поддржувач на читањето книги. Роден сум во Словачка, но неколку години живеам во Чешка. Пред неколку месеци увидов дека луѓето повеќе не читаат како порано. Во денешно време тие ги претпочитаат сите тие современи технологии наместо некоја убава и интересна книга. Се разбира, сѐ уште има многу луѓе кои никогаш не забораваат за убавината која се крие во печатените страници. Но за жал, повеќе се тие кои не го ценат тоа.
Затоа создадов проект наречен „КНИГАТА ПОВИКУВА“ со кој преку социјалните медиуми ја ширам традиционална идеја користејќи го современиот систем. Мотото на проектот е: „Издвои време за читање. Кога било, каде било.“
Специјализирав фотографија и моите дела ги сочинуваат портрети на читател во секојдневниот живот, но кај сите нив ја задржувам истата поза во ист агол, како светот и околината да се врти околу оваа положба низ целиот ден и секојдневно.
Се надевам дека со ова ќе охрабрам повеќе луѓе да се загубат во страниците на книгите.
„Книгите се огледало на душата“ – Вирџинија Вулф
„Секогаш читај нешто што би направило да изгледаш подобро во случај да умреш читајќи го“ – П.Џ. О`Рурк
„Личноста, било да е џентлмен или дама, којашто не нашла задоволство во некој добар роман, мора да е неиздржливо глупава.“ – Џејн Остин
„Ако не ти се допаѓа читањето, не си ја нашол вистинската книга“ – Џ. К. Роулинг
„Литературата е луксуз; фикцијата е неопходност“ – Г.К. Честертон
„Големите книги ви помагаат да разберете, и прават да се чувствувате разбрани“ – Џон Грин
„Мислам дека никогаш нема доволно книги“ – Џон Стајнбек
„Чудната раб ота кај луѓето коишто имаат многу книги е тоа како секогаш сакаат повеќе“ – Патриша А. МекКилип
„Кога круните на сите кралства би биле положени пред моите нозе во замена за моите книги и мојата љубов кон читањето, би ги одбил сите со презир“ – Франсоа Фенелон