Малите животни како Донозо, малиот лисец чијашто мајка била прегазена од кола, често немаат многу шанси да преживеат во дивината без нивните родители. За среќа на ова младенче старо три недели, Динозо бил донесен на ветеринар и потоа посвоен од брачен пар од Германија кој ги сака животните. Мајчинските инстинкти на нивното куче Зива веднаш реагирале и таа им помогнала да го вратат здравјето на малиот лисец.
Зива припаѓа на Вернер и Ангелика Шмејнг, брачен пар кој живее во Обершелд, Германија. Тие исто така имаат и мачка по име Леополд и две прасиња. И Леополд се спријателил со новиот член на веселото семејство. Грижливите куче и мачка направиле Динозо да се чувствува добредојден и тој сега редовно ја употребува мачешката вратичка за да излегува и влегува во куќата. Иако нема никакви ограничувања во поглед на неговата слобода да се движи наоколу во соседството, тој сепак претпочита да остане со неговите најдобри пријатели.