Љубителите на класичната архитектура често се разочаруваат од изборот на повеќето градежни компании и архитекти новите згради да ги дизајнираат во нов, модерен стил, но и стариот класичен стил не е загубен. Зградата на министерството за земјоделие во Казан, главниот град на Татарстан во Руската федерација, е величествено дело на еклектичната архитектура со прекрасно дрво од ковано железо, кое било дизајнирано да прави сенка на ходникот под него.
Зградата е во стил на старата руска архитектура и се наоѓа наспроти Казанскиот Кремљ, кој претставува прекрасен спој на источна и западна архитектура.