Една птица го запраша момчето:
– Колку е тешка една мала снегулка?.
– Ни малку потешка од ништо. – одговори тоа.
– Во тој случај, ќе ти раскажам една приказна – рече птицата.

– Си седев во моето гнездо на една гранка, кога почна силно да паѓа снег. Не беше невреме, немаше ветар, туку само мирно си паѓаше снег, без никаква сила. Бидејќи немав попаметна работа, почнав да ги бројам снегулките, кои се собираа на гранката на која седев.
Нивниот број изнесуваше 3.741.951. Кога 3.741.952 седнаа на гранката, како што кажуваш ти, “ни малку потешки од ништо“, гранката се скрши и морав да си барам ново живеалиште.

Доволна е само една снегулка да направи разлика. Само една. Ако некогаш се запрашате во животот: “Правам ли јас некаква разлика, со тоа што го работам, или давам?“, сетете се на оваа приказна. Никогаш не се чувствувајте помалку вредни. Ако некогаш се чувствувате, сетете се дека и една снегулка прави разлика.

Сподели на Facebook
пати видено