Менорка е мал остров на Средоземното море на брегот на Шпанија. Се наоѓа на повеќе од 1600 километри од Стоунхенџ. Тогаш, како овие џиновски камења се нашле на овој остров пред 3000 години? Ако можете да одговорите на ова прашање, ќе решите една од најголемите мистерии во човечката историја.
Мегалити
На локалитетот во Менорка има повеќе од 13 таули т.е. џиновски мегалитски камења. Наредени се на сличен начин како тие во Стоунхенџ во Велика Британија.
Таула
Секоја таула е во облик на буквата Т, при што еден рамен камен е поставен хоризонтално врз камен поставен во вертикална положба. Секоја таула е висока 3.6 метри.
Древните луѓе
Мегалитите биле изградени пред 3000 години од страна на мистериозен народ кој во науката е познат како Талаиоти.
Монументални религиозни прашања
Никој не знае со сигурност зошто се изградени овие чудни градби. Можеби ова било место за религиски обреди, но за религијата на луѓето од талаиотската култура се знае многу малку.
Артефакт
На местото бил најден бронзен бик, фигура која би можела да претставува религиозна реликвија. Минојците од Бронзеното доба често ја употребувале претставата на бик.
Можна врска
Минојската цивилизација била на својот врв во периодот помеѓу 2000 и 1450 г. пр.н.е. Живееле на островот Крит, во Средоземното море.
Претпоставки
Можеби се работи за астролошки локалитет. Камењата можеби се подредени според соѕвездието Кенатур. До 1000 г.пр.н.е. станувало сѐ потешко да се види ова соѕвездие, што можеби е и причината зошто овие камења биле напуштени и заборавени.
Лунарен календар
Други се прашуваат дали можеби камењата не се наредени така што да ја следат патеката на движење на месечината. Камењата се наредени во облик на потковица, исто како и ѕидот кој ги опкружува.
Древно село
Локалитетот кадешто се наошаат монолитите е познат како селото Талати де Далт. Селото вклучува рушевини од неколку куќи и огромна кружна соба.
Музеј
За овие мистериозни луѓе и нивната култура можете да научите во Музејот на Менорка кадешто се поместени артефакти од Талаиотите и е прикажана историјата на самиот остров.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.