Текилата, традиционалниот алкохолен пијалок кој ни доаѓа од Мексико, може да биде многу полезна за здравјето. Еве неколку причини зошто, па така земете сол и лимон и прочитајте ги следниве редови.
1. Без мамурлак – Можеби сте скептични, но ВИСТИНСКАТА текила од агаве нема да ви предизвика никаков мамурлак ниту главоболка. Но ако ја пиете разводнетата верзија, е тоа е веќе друго прашање.
2. Пријатна за стомакот – Кога пиете текила, правите вашето тело полесно да го апсорбира калциумот, минерал кој вашите коски ги одржува во добро здравје и ги прави цврсти и силни. Исто така ја регулира и апсорпцијата на масти во вашите црева и ги храни полезните бактерии во цревата. Во основа, доколку сакате здрав хранопровод, шот текила или два може многу да придонесе.
3. Можеби е добра за дијабетичарите – Овде сепак треба малку претпазливост, но докторите сметаат шеќерот во другите видови на алкохол го крева нивото на шеќер во крвта. За сметка на тоа, текилата содржи многу помалку шеќер, па така може да им предизвика помалку проблеми на луѓето кои болуваат од дијабетес.
4. Се бори со холесторолот – Текилата помага да се разбијат маснотиите во храната која ја јадете, што придонесува кон нејзино полесно варење, и на тој начин го намалува севкупното ниво на лошиот холестерол.
5. Помага при справување со болката – Пиењето текила долго време претставува традиционален лек за болка и истражувањата покажале дека може да биде ефикасен аналгетик. Не само што помага при проширувањето на крвните садови, што води кон подобар крвоток, туку може да помогне и при справувањето со напнатоста и благата главоболка.
6. Ја зголемува ефикасноста на лековите – Кога го прочитавте ова, веројатно си кажавте „Е сега ја претеравте“, но според истражувањата киселината во вашиот стомак често ги разложува лекарствата пред тие да можат да стигнат до вашите црева, што доведува до помала ефективност. Текилата претставува како еден вид возило кое ги заштитува лекарствата додека да пристигнат во вашите црева. Ова значи дека шот текила може да помогне на пациентите кои страдаат од колитис, Кронова болест, а можеби и при третманот на рак на дебелото црево.
7. Спречува настинки – Многу Мексиканци помнат како нивните родители им направиле напивка од сок од лимон, текила и нектар од агаве како заштита од настинка кога времето ќе застуди. Мешавината од витамин С и хранливите состојки на нектарот од агаве помагаат при заштита од настинки, ја олеснува болката во грлото и го намалува нивото на бактерии во цревата.
8. Помага при губењето на тежина – НИЕДЕН алкохол не е решение за вишокот килограми, но шот текила може да помогне при обидите да ја намалите телесната тежина. Текилата помага при согорувањето на маснотии и апсорбирањето на калциум. Колку повеќе калциум содржи вашиот организам, повеќе маснотии ќе може да согори.
Но сепак не заборавајте дека секогаш важи златното правило за умереност, а особено бидете претпазливи во поглед на точка 6!!! Тоа е само научна претпоставка и немојте да се наклукате со лекарства, да се накркате шише текила (која згора на сѐ можеби нема да е ни квалитетна) и после да ја обвинувате Мотика!