Босоного и валкано, девојчето само седеше и гледаше како минуваат луѓето. Таа ниту еднаш не се обиде да зборува, ниту еднаш не изговори ни збор. Многу луѓе минуваа, но таа не запре никого.
Токму на истото место кадешто беше и претходниот ден, со најтажниот поглед во очите. Еден ден, еден човек којшто постојано го гледал девојчето додека минувал решил да ѝ пријде, бидејќи паркот полн со непознати луѓе не е безбедно место за сами мали девојчиња.
Како што ѝ се приближувал, забележал дека задниот дел на фустанот на девојчето покажувал деформитет. Човекот си помислил дека сигурно тоа е причината поради којашто сите тие луѓе едноставно го одминувале девојчето без да ѝ понудат помош. Како што се приближувал поблиску, малото девојче го спуштило погледот за да го избегне неговиот упорен поглед. Тој веќе убаво можел да го види нејзиниот грб, кој бил гротексно изразена грпка. Ѝ се насмевнал за да ѝ покаже дека се е в ред. Дека е тука за да си позборуваат, за да помогне.
Седнал крај неа, и го започнал разговорот со едно обично „Здраво!“ Малото девојче делувало шокирано и едвај пропелтечило: „Здраво…“ по долго и вџашено гледање во очите на непознатиот човек. Тој ѝ се насмевнал, и таа му возвратила со насмевка. Потоа почнале да разговараат и останале во паркот се додека не се стемнило, а паркот сосема се испразнил и тие останале сами.
„Зошто си толку тажна“- прашал човекот.
Малото девојче го погледнало со тажното лице и одговорило:
„Бидејќи сум различна“
„Да, различна си. Ти навистина си различна“ одговорил човекот и девојчето уште повеќе се растажило, и по извесно молчење, со тивок глас одговорило:
„Знам“
„Девојченце“ продолжил човекот „ти мене ме потсетуваш на ангел.“
Девојчето застанало на нозете и прашала возбудено:
„Навистина?“
„Да мала госпоѓице, ти си како ангел чувар испратен да ги чува сите овиле луѓе што минуваат.“
Таа климнала со главата и се насмевнала, и потоа ги раширила крилјата и намигнувајќи му кажала:
„Да, јас сум ангел“
Човекот занемел, мислејќи дека му се причинува.
„Бидејќи ти помисли на некој друг освен себе, мојата работа тука е завршена.“
„Ама чекај, зошто никој тука не запре да му помогне на еден ангел?“ –кажал човекот возбудено застанувајќи на нозе. Таа го погледнала и му се насмевнала:
„Ти си единствениот кој може да ме види, и ти поверува со своето срце.“
Веднаш потоа исчезнала.
Па така, кога ќе си помислите дека немате никој на светот, дека никој не ве разбира, помислете си дека секогаш некој ангел бдее над вас и ве чува. Но дали тоа мора да е вистински ангел? Секој од вашите пријатели е своевиден ангел, исто како што вие сте ангел за нив.