Луѓето различно гледаат. Боите што ги гледате зависат од бројот и распределеноста на т.н. чепчиња (фоторецептори) во вашите очи. Погледнете го ова „виножито“ и избројте ги нијансите кои ги гледате.
Ако гледате помалку од 20 нијанси, тоа значи дека имате само два вида на чепчиња во очите, како кај кучињата, и гледате две основни бои. Дваесет и пет отсто од луѓето се дихроични.
Ако гледате од 20 до 32 нијанси, тогаш сте трихроматични, што значи дека имате три вида на чепчиња за распознавање на бои (сина/виолетова, зелена и црвена). Можете да уживате во разновидните бои. 50 отсто од луѓето се трихроматични.
Ако можете да видите помеѓу 33 и 39 нијанси, тогаш сте тетрахроматични, како пчелите, и имате четири вида на фоторецептори (виолетова/сина, зелена, црвена и жолта). 25 отсто од луѓето се тетрахроматични.
Ако можете да видите повеќе од 39 нијанси – е тогаш нешто не е во ред со вас. Во тестот има вкупно 39 различни нијанси а компјутерскиот екран веројатно прикажува само 35 од нив.
Луѓето со четири чепчиња полесно ги забележуваат разликите помеѓу сината и црната или белата и златната боја, без разлика на интензитетот на бојата или бојата и интензитетот на позадината.