Петар се разбуди во ужасен мамурлак, после луда предновогодишна ноќ во кафана. Тој дури и не се сеќава како си отишол дома. Едвај ги отвори очите и првото нешто што го виде, беа два аспирина и чаша вода. До нив една црвена роза.

Петар се исправи, а до него стоеше неговата облека чиста и испеглана. Погледна наоколу, целата соба беше беспрекорно чиста, како и целата куќа. Ги испи двата аспирина и отиде во бањата каде забележа дека левото око му е модро. Потоа забележа едно ливче на ќошот од огледалото на кое пишуваше: „Драги, појадокот е на шпоретот, излегов порано за да одам на пазар. Денес ќе го зготвам твоето омилено јадење. Те сакам, драги! Со љубов, Марија“.

Петар отиде во кујната, а таму го чекаше топол појадок, топло кафе и утрински весник. Неговиот син исто така седеше на масата и доручкуваше.

– Сине… Што се случи сношти?

– Ти си дојде пијан во 3 часот. Падна врз масата во дневната соба и ја скрши, потоа поврати во ходникот и си го помодре окото додека се обидуваше да поминеш низ вратата без да ја отвориш.

Уште позбунет од муабетот, Петар го праша својот син:

– Тогаш зошто овде се е толку чисто а имам и појадок?

Син му му одговори:

– А, тоа ли! Мама те одведе во спалната соба и кога се обиде да ти ги соблече панталоните ти извика: „Остави ме на мира, јас сум женет!“.

Заклучок:

Скршена маса – 200 евра,
топол појадок и вкусен ручек – 48 евра,
два аспирина – 0,36 евра.
Да ги кажеш вистинските зборови на вистинското место… БЕСЦЕНЕТО!!!

Сподели на Facebook
пати видено