Сѐ што сакала е помош од државата, а тоа што го добила е најоткачената коктел приказна на сите времиња. Една жена од државата Њу Џерси, САД, идентификувана со иницијалите Т.М. во ноември минатата година поднела барање за издршка и како татко го навела својот „романтичен партнер“ со иницијали А.С.

Кога од социјалната служба инсистирале на тест за татковство со кој А.С. ќе се докаже како законски одговорен за издржување на децата, Т.М. признала дека можеби и ќе се јаии проблем, бидејќи неделата кога децата биле зачнати, таа спиела со друг, неидентификуван маж.

Тестот за татковство бил спроведен и резултатите покажале чудо невидено! А.С. бил татко на само еден од близнаците.

Како е возможно близнаци да бидат полубраќа?

Очигледно за време на овулацијата тој месец мајката излачила две јајце клетки. Како што сакала среќата, спермата на првиот љубовник не успеала да ги оплоди двете јајце клетки, но таа на вториот успеала да ја заврши работата до крај. Ако таа седмица не водела љубов со двајца мажи, најверојатно ќе имала само едно дете, а не близнаци.

Колку и да ви се чини невообичаена оваа ситуација, Њујорк Тајмс известува дека според изјавата на директорот на лабораторијата за тестирање на идентитетот на САД, ваков случај во просек се случува еднаш во 13.000 случаи на бременост.

Така е тоа, една јајце клетка за љубовта на нејзиниот живот, и една за нејзиниот швалер. Фер делба.

FathersDayGeorgeFarid

Сподели на Facebook
пати видено