Почнувајќи од неделава, огромен број на необјавени дела на Алберт Ајнштајн за првпат станаа достапни на јавноста, бесплатно. Новообјавените датотеки содржат преку 5.000 документи, вклучувајќи писма, статии, разгледници, бележници и дневници кои останале зад Ајнштајн по неговата смрт во 1955 година.

Документите биле собрани од разни извори од ширум светот,вклучувајќи и разни тавани и кутии за чевли кои Ајнштајн ги користел како места за чување. Сепак, најголемиот дел од архивите доаѓаат од универзитетот Принстон кадешто биле чувани сиве овие години. Ајнштајн имал склучено договор со универзитетот отстапувајќи му ги правата за објавување на неговите дела по неговата смрт.

ajn01

Новата веб страница со име „Дигитални документи на Ајнштајн“ содржи во целост преведени верзии на „Проектот: Дела на Ајнштајн“, кои можат да се разгледуваат на англиски, како и на германски како што биле напишани во оригинал.

Проектот е се уште во тек и досега се објавени само тринаесет од очекуваните триесет томови, тоа што досега е објавено е достапно за посетителите, а сајтот се ажурира со секој нов додаден документ.

ajn02

Дајана Корнос-Бачволд, професор по физика и историја на науката при Калифорнискиот институт за технологија, е еден од главните преведувачи во проектот. За Њујорк Тајмс минатата недела таа изјавила дека следната збирка ќе содржи над 1000 документи чиешто објавување може да се очекува веќе следниот месец.

Збирките кои досега се објавени содржат љубовни писма, неговиот документ за развод, копија на дипломата за завршено средно образование и преписки помеѓу него и неговите пријатели, коишто откриваат некои од неговите најдлабоки мисли.

Поректот се одвива во хронолошки редослед и досега стигнал до 1923 година, кога Ајнштајн наполнил четириесет и четири години.

Доколку ве интересираат, архивите се достапни на следниов ЛИНК.

Сподели на Facebook
пати видено