Дури и старите клучови и монети можат да се претворат во прекрасна уметност ако се вложи малку креативност и малку повеќе вештина. Уметникот од Австралија под псевдоним Моерки го прави токму тоаа, старите непотребни клучови и монети ги претвора во шишиња, лампи и други видови на прекрасни рециклирани скулптури.
„Кога требаше да ја исчистам својата барака, налетав на стара бакарна цевка останата од претходното реновирање. Ја исеков на прстени и почнав да правам сфери од неа“, објаснува тој. „Првите парчиња беа малку груби, но кога се извежбав, станував сѐ покреативен. Јас така, си собирам сѐ и сешто, па така ги побарав старите клучеви и бакарна жица кои повеќе не ми беа потребни, па и со нив станав креативен.“
Погледнете ги неговите дела.