Се сеќавате ли на човекот кој не се забавувал ни секунда на неговиот награден одмор во Порторико бидејќи не можел да си ја поведе жената со него? Епа тој истиот човек добил второ наградно патување на истото крстарење – и овој пат си ги повел жената и детето со него! Сега заедно со жената и детето се сликал на истите места кадешто се сликаше тажен и осамен во првата серија фотографии.
Откако луѓето од Виндам Рио Мар, хотелот во кој Кевин Бландфорд престојуваше првиот пат, видоа дека неговиот пост стана вирален, му понудиле второ бесплатно патување – но овојпат со неговата сопруга и нивната 8-месечна ќерка. Нема потреба да се истакнува дека овојпат бил многу посреќен. Споредете и самите.