Мажот љубител на бокс почнал да се подготвува порано за извонредното финале на телевизија за време на викендот – тешка категорија, натпреварот на векот, итн. итн. Си купил ракија, пиво, разни мезиња, си направил салата, си ја наредил масата мераклиски и се оптегнал на креветот како цар.
Нестрпливо и со голем мерак чекал да започне натпреварот.
Боксот почнал и… нашиот човек дури не успеал да ја пивне првата голтка: Во 8-та секунда – нокаут. Крај на боксот!
Во тој момент жена му излегла од кујната и му рекла:
– Е, сега веќе ме разбираш – нели?