Албер Ками (1913 – 1960) е француски писател, новинар и философ, добитник на Нобелова награда. Неговите погледи придонесоа до раѓањето на правец во философијата познат како апсурдизам. Во есејот „Бунтовник“ напишал дека целиот свој живот го посветил на спротивставување на философијата на нихилизмот и дека длабоко верувал во индивидуалната слобода.

albert-camus

Препорачуваме да ги прочитате овие негови цитати кои можеби ќе ве инспирираат да преосмислите некои концепти кои владеат со вашето секојдневие.

1. Знаете ли што е шармот? Тоа е начин да добиете „да“ како одговор без да поставите некое јасно прашање.

2. Се фалев со својата лојалост, а мислам дека нема ниту една личност која сум ја сакал, а која на крајот не сум ја изневерил.

3. Луѓето брзаат да судат со цел да избегнат на самите нив да им се суди.

4. Должност на луѓето кои мислат е да не бидат на страната на погубувачите.

5. Кога ќе погледнам кон мојот живот и неговите тајни бои, ми доаѓа да се расплачам.

6. Слободата не е ништо повеќе туку можност да станеш подобар.

7. Секој чин на бунт изразува носталгија кон невиноста и копнеж кон суштината на животот.

8. Кога душата предолго страда, развива вкус за несреќа.

9. Што е тоа бунтовник? Човек кој вели не.

10. Вистинската дарежливост кон иднината лежи во тоа да се дари сета сегашност.

11. Кога еднаш ќе го видете сјајот на среќата на лицето на саканата личност, знаете дека човек не треба да чувствува никаква друга должност освен да го разбуди тој сјај на луѓето околу него. Во длабочината на зимата најпосле научив дека длабоко во мене има непобедлива пролет.

12. Животот може да биде величествен и поразителен – во тоа е целата трагедија. Без убавина, љубов и опасност би било речиси лесно да се живее.

13. Не верувам во Бог и не сум атеист.

14. Не постои љубов кон животот без очај од животот.

15. Можеби не сум бил сигурен за тоа што ме интересирало,но со сигурност знаев што не ме интересирало.

16. Се отворив себеси кон нежната рамнодушност на светот.

17. Ми остана само малку време и не сакав да го потрошам на Бог.

18. Немам поим што ме очекува и што ќе се случи кога ќе заврши сето ова. Во овој миг го знам само ова: има болни луѓе и тие треба да се лечат.

19. Драга,
Среде омразата открив дека длабоко во мене има непобедлива љубов.
Среде солзите открив дека длабоко во мене има непобедлива насмевка.
Среде хаосот открив дека длабоко во мене има непобедлив мир.
Низ сето тоа окткрив дека…
Среде зимата, длабоко во мее постои непобедливо лето, и тоа ме прави среќен, бидејќи тоа кажува дека колку силно светот да ме притиска, длабоко во мене секогаш има нешто посилно, нешто подобро, што ќе возврати.

Искрено твој,
Албер Ками

20. За да го разбере светот, човек од време на време треба да се оттргне од него.

21. Човекот секогаш е плен на неговите вистини. Еднаш штом ќе ги признае, веќе не може да се ослободи од нив.

22. Потрагата по вистинитото не е исто со барањето на посакуваното.

23. Некои луѓе зборуваат во сон. Предавачите зборуваат додека другите луѓе спијат.

24. Поскоро би го живеел мојот живот како да постои Бог и да умрам и дознаам дека никогаш не постоел, отколку да го живеам како да не постои и да умрам и дознаам дека постои.

25. Секогаш оди предалеку, бидејќи таму ќе ја дознаеш вистината.

26. Не очекувај го последниот суд. Тој доаѓа секој ден.

27. Бо срцето на убавината лежи нешто нечовечко.

28. Фикцијата е лага преку која ја кажуваме вистината.

29. Должност на писателот е да ја спречува цивилизацијата да се уништи себеси.

30. Есента е втора пролет кога секој лист е цвет.

31. Интелектуалец? Да. И никогаш не одрекувај го тоа. Интелектуалец е човек чиј ум се набљудува самиот себеси. Ми се допаѓа тоа, бидејќи сум среќен со двете половини, набљудуваниот и набљудувачот. „Дали можат да се стават заедно?“ тоа е практично прашање. Треба да го одговориме. „Ја презирам интелегенцијата“ всушност значи „не можам да ги поднесам своите сомнежи.“

32. Единствениот начин да се справуваш со неслободен свет е да станеш апсолутно слободен, така што самото твое постоење да се восприема како чин на бунт.

24. На крајот на човек сепак му треба повеќе храброст да живее отколку да се убие.

34. Живеј до солзи.

35. Никој не разбира дека некои луѓе трошат огромна енергија само за да бидат нормални.

36. Дали да се убијам, или да се напијам кафе?

37. Човекот е единственото суштество коешто одбива да биде тоа што е.

38. Никогаш нема да бидете среќни ако продолжувате да барате од што се состои среќата. Никогаш нема да живеете ако постојано ја барате смислата на животот.

39. Не чекори зад мене; можеби нема да те водам. Не чекори пред мене; можеби нема да следам. Само чекори крај мене и биди ми пријател.

Сподели на Facebook
пати видено