На 11-годишна возраст, Џон Брамбит станал епилептичен. На триесет години ослепел. Денес, на 42-годишна возраст, Џон Брамбит е познат светски уметник. Со сликањето како хоби почнал да се занимава откако го изгубил видот. Сите овие прекрасни слики се дело на слеп човек, кој никогаш не видел ниту едно од своите платна.
Своите неверојатни дела ги создава благодарение на сетилото за допир. Брамбит може да слика и портрети на луѓе кои порано никогаш не ги сретнал, исто така со помош на сетилото за допир. Насликал портрети на неговото куче водич, неговата сопруга и неговиот син, кои влегле во неговиот живот откако настапило неговото слепило. Употребува тубички обележани со Брејловата азбука. Кога не слика, Брамбит подучува други како да сликаат. Тој води работилници на кои деца учат да сликаат со врзани очи. Неговиот потпис се два прецртани круга, што може да се толкува како израз на неговото слепило.