Технологијата за 3D печатење отвори илјадници нови можности за слепите за да го доживеат светот кој ги опкружува, но не сме виделе помоќен пример за ова од случајот со младата мајка Татјана Гуера, која со помош на 3D отпечаток со помош на допир виде како изгледа нејзиното неродено бебе.
За време на бременоста, ултразвучните прегледи им овозможуваат на родителите и докторите да го видат нероденото бебе, и тоа се навистина посебни мигови. Слепите луѓе, како што е случајот со 30-годишната Гуера која својот вид го изгубила на седумнаесет години, ја немаат таа можност. Со помош на подвижна станица за 3D печатење обезбедена од Хагис, докторите ја изненадиле со гипсена фигура на нејзиниот нероден син Муриљо. Спојот на технологијата со љубовта е дел од најновата кампања на
компанијата за пелени „Хагис“.