За серискиот убиец способноста да се измеша со обичните луѓе е најважна од сѐ. На крајот на краиштата, кој би се посомневал во пријателски расположениот сосед дека е убиец. Како што можете да си замислите, едно од најдобрите покритија за серискиот убиец е да има успешно семејство.

Но, можеби ќе си помислите, зар нема опасност неговата жена да се посомнева во него? Не брзајте. Некои од овие убијци биле толку добри, што нивните злодела успевале да ги сокријат и од најблиските, од нивните сопруги. Токму тоа се случило и со овие седум жени.

1. Кети Вилсон

ub01

Вилсон му била сопруга на серискиот убиец Питер Тобин само три години (се омажила за него на нејзина 16-годишна возраст). Додека биле во брак, Тобин редовно ја тепал Вилсон. Згора на сѐ, имал обичај дома да носи проститутки и да ја малтретира пред нив. И покрај ужасот низ кој минувала, Вилсон никогаш не се посомневала дека Тобин би можел да отиде толку далеку и да стане сериски убиец.

2. Џудит Мосон

ub02

Џудит била мажена за Гери Риџвеј, познат како убиецот од Грин Ривер. Според полицијата, Риџвеј убил најмалку 49 луѓе, но вкупниот износ на неговите жртви би можел да биде и двојно поголем. Мосон вели дека Риџвеј бил маж за пример и дека поверувала дека е убиец дури откако тој лично ѝ го признал тоа.

3. Карол Хоф

ub03

Хоф била втората сопруга на озлогласениот сериски убиец Џон Вејн Гејси. Нивниот браг се совпаднал со времето кога Гејси од силувач се претворил во убиец. Знаците за тоа што се случува ѝ биле пред очите, од коишто најочигледен бил ужасната смрдеа која се ширела во куќата, како последица на распаѓањето на труповите на жртвите кои убиецот ги криел под нивната куќа.

4. Мери Елизабет Харимен

ub04

Мери Елизабет била жена на убиецот Расел Вилијамс, и таа до ден денес стои на тоа дека никогаш не се посомневала за злосторствата на нејзиниот сопруг, и покрај тоа што Вилијамс насекаде низ куќата чувал предмети од неговите жртви како спомен.

5. Дарси Брудос

ub05

Брудос била сопруга на серискиот убиец Џером Брудос. Дарси ги игнорирала очигледните показатели за смртоносните активности на нејзиниот сопруг, вклучувајќи и кога дома донел отсечени женски гради потопени во смола.

6. Линда Јејтс

ub06

Линда била мажена за бруталниот Роберт Јејтс. За време на неговото дивеење, Роберт Јејтс убил најмалку тринаесет проститутки. И покрај знаците, Линда ниту еднаш во текот на нивниот 26-годишен брак не се посомневала дека нејзиниот маж е убиец, сѐ додека полицијата не ѝ кажала.

7. Фајина Чикатило

ub07

Чикатило била мажена за т.н. Касап од Ростов – исто така познат и како Црвениот Мевосек – Андреј Чикатило. Андреј брутално убил, искасапил и силувал најмалку 52 жени и деца. Можеби Фајина длабокок во себе претпоставувала дека има нешто ужасно погрешно во врска со нејзиниот сопруг, но се плашела од него и не сакала да си признае сѐ додека полицајците не ја соочиле со доказите.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено