Трагичниот земјотрес во Непал донесе повеќе уништување отколку што се мислеше дека е можно. Откако првиот удар на големиот земјотрес ја погоди областа околу Катманду на 25. април, малата земја се соочи со несогледлива трагедија. Сепак, и покрај ужасните вести, неколку случаи на преживување и спасување на луѓе донесоа некаква надеж и утеха.
Минатиот викенд бил најден еден сто и едногодишен човек за кој се мислело дека е загинал во несреќата. Стогодишникот не само што ја преживеал природната катастрофа, туку успеал да преживее затрупан под рушевините.
101-годишниот Фунчу Таманг бил најден во Нувакот, во близина на непалскиот главен град Катманду.
Таманг за време на катастрофата се засолнил во неговата градина, кадешто бил заробен цели седум дена. И покрај неговата возраст и здравствена состојба, успеал да го преживее тешкото искушение.
По спасувањето, Таманг чудесно закрепнал во блиската болница.
Спасувачите вложија голем напор за да го извлечат Таманг од рушевините. Погледнете го неверојатното видео подолу.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.