Едно време се чудев како тоа стана модерно мажите да носат тесни розови кошули и џемпери, кога до пред само две три години секој кој би влегол така облечен во некоја пристојна селска друмска кафана која држи до својата репутација, би бил културно известен дека сепак постои извесен дрес код кој треба да се почитува. Но ајде, сепак која боја е „машка“ а која „женска“ можеби и навистина е само прашање на конвенција, т.е. на општо прифатен став во општеството кој секогаш може да се промени. Но што е пак сега ова?