Ако некогаш сте биле во Њујорк, веројатно со восхит сте погледнале кон високите њујоршки облакодери, но дали некогаш сте се запрашале како изгледа се погледне одозгора надолу?
Во серијата „Погледи одозгора“, фотографот Дона Дотан не носи сите нас на визуелно патување со нејзините психоделични фотографии снимени од највисоките прозори на облакодерите.
Едноставно со насочувањето на нејзината камера надолу од прозорот, таа имала можност да сними прекрасен приказ на симетрија, светла и бои како се одбиваат од ѕидовите на овие вишни згради.
Дона, која е архитектонски фотограф, со оваа уникатна перспектива се запознала за време на едно од нејзините вообичаени фотографирања на апартман кој бил на продажба.
Нешто ѝ го привлекло погледот од прозорецот, и таа решила да ја насочи камерата надолу. Откако ја погледнала сликата, таа знаела дека открила нешто неверојатно.
Во интервју за Уандерфул Машин, Дотан вели: „Од секогаш сум мислела дека Њујорк веќе е фотографиран од секој можен агол…Но убавината на фотографијата е во тоа што секогаш има можност за откривање на некоја нова перспектива.“