Што гледате овде, патка или зајак? Ова е добро позната оптичка илузија која може да се гледа на два начина, како патка и како зајак. Вие што гледате? И дали можеге да ја гледате едната слика, а потоа да се префрлите на другата? И сега најважното прашање – колку брзо можете да го сторите тоа?
Повеќето луѓе прво ја препознаваат патката, а потоа зајакот. Но вистинското прашање е колку брзо можете да ја промените сликата во вашиот ум? Дали ви треба напор за да го постигнете тоа?в
Првата верзија на оваа слика била создадена во 1892 од страна на германското хумористично списание „Filiegende Blattera“, но подоцна фотографијата била објавена од страна на Лудвиг Витгејнштајн во неговите „Философски дебати“ како средство да се опишат двата различни начина на кои ги гледаме нештата.
Самата слика не се менува, но нашето визуелно доживување може да се промени. Изразите како „патка“ и „зајак“ прават нашиот мозок да создава различни слики од една иста илустрација. Психологот Ричард Вајзмен заклучува дека способноста да се менува восприемањето на двете визуелни претстави е поврзана со нашата креативност. Колку побрзо можете да го сторите тоа, толку покреативна личност сте и ја гледате поголемата слика во нештата.