Сте пробале да се опуштите со капење, со чаша топло млеко, па дури и со броење овци, но сѐ уште сте будни и не можете да се изначудите зошто сѐ уште сте будни. Еден научник тврди дека нашол начин како луѓето што страдат од бесоница да потонат во длабок сон за само 60 секунди – без да се применуваат никакви лекарства или чудни осветлувања.

Наречен „техника на дишење 4-7-8“ овој метод се опишува како „природно смирувачко средство за нервниот систем“ кој помага вашето тело да се ослободи од стресот и напнатоста. Методот е дело на д-р Ендрју Вејл од Аризона, САД, кој на својот јутјуб канал вели: „Неверојатно е едноставно, не ви треба никаква дополнителна опрема, трае кратко и може да се изведе каде било.“

284D9F2000000578-3067526-image-a-11_1430758367055

За да ја изведете техниката на дишење 4-7-8, треба прво да издишете шумно низ вашата уста. Потоа затворете ја устата и вдишете тивко преку вашиот нос додека во себе броите до четири. Сега задржете го здивот и бројте до седум. Откако ќе изминат седум секунди, издишете целосно преку вашата уста, повторно шумно издишете преку вашата уста, во траење од осум секунди. Сега вдишете пак, и повторете го сето ова уште три пати.

„Забележете дека секогаш треба да вдишите тивко преку вашиот нос, а да издишите гласно преку вашата уста. Врвот на вашиот јазик цело време треба да стои на едно место“, вели д-р Вејл.

„Издишувањето трае двојно подолго од вдишувањето. Времетраењето на секоја фаза не е важно, важен е соодносот 4-7-8.“- тврди тој. Оваа техника е заснована врз пранајама, древна индиска техника чијшто назив значи „регулирање на здивот“. Харвардскиот доктор тврди дека 4-7-8 е толку моќна техника бидејќи овозможува кислородот подобро да ги исполни белите дробови.

284D968A00000578-3067526-image-a-12_1430758389423

Дополнителниот кислород може да има релаксирачки ефект врз парасимпатичкиот нервен систем, предизвикувајќи чувство на смиреност. За време на стрес, нервниот систем станува престимулиран, доведувајќи до нерамнотежа која може да предизвика несоница. Покрај ефектот на опуштање врз парасимпатичкиот нервен систем, д-р Вејл вели дека 4-7-8 помага подобро да ја чувствувате врската со вашето тело и вашиот ум го оттргнува од секојдневните мисли кои не ви даваат да заспиете.

Тој вели дека ова исто така може да ви помогне и во врска со вознемиреноста. Еден коментатор на јутјуб тврди дека страдал од анксиозност и земал лекарства за тоа, но откако го пробал ова, веднаш почувствувал подобрување. Д-р Вејл предлага оваа техника да се применува два пати дневно две до шест недели, сѐ додека не ја усовршите доволно за да заспиете за 60 секунди.

Сподели на Facebook
пати видено