Многу е тешко да се создаде среќна врска. За тоа е потребно трпение, комуникација, разбирање и најмногу од сѐ љубов. Но, има ли нешто подобро од тоа? Луѓето кои се во среќна врска најдобро го знаат тоа. Едноставно знаете кога сте среќни, зар не?
Доколку сѐ уште се сомневате, можете да ги прочитате овие 18 моменти и навики кои се заеднички за сите среќни двојки. Можеби и вие ќе се пронајдете во нив.
1. Секој има време и за себе
Доколку цело време сте со вашето момче или девојка, тогаш вашата врска е во опасност. Минувањето време заедно е добро, но поминувањето прекрасно време заедно е уште подобро, но за тоа мора да имате време и за себе. Да имате време за својата работа, семејство, хоби и слично. Ако не можете да бидете среќни самите, тогаш како љубовната врска би ве претворила во среќна личност? Среќата доаѓа одвнатре и затоа секој треба да си се погрижи самиот за сопствената среќа. Плус тоа, вашата врска треба да ви помогне да се отворите кон светот, а не дополнително да ве затвори.
2. Си веруваат еден на друг
Довербата е една од најважните вредности во една врска. Секој понекогаш има сомнежи, но не можете цело време да се сомневате. Се разбира, довербата треба и да ја заслужите. Дури и најневините лаги – или лагите кои се чинат како такви – можат да ѝ наштетат на вашата врска. Се чини дека искреноста е тешка, но всушност и не е така. Тоа е најлесниот начин да се изгради вистинска, верна и значајна врска.
3. Не дозволуваат други да управуваат со нивната врска
Секогаш ќе има луѓе кои нема да ја разбираат вашата врска. „Зошто си со него/неа?“ е прашање кое сите ние сме го слушнале во некој момент во нашите животи. За тоа може да има многу причини: возраста, изгледот, далечината и многу други. Но, вие знаете подобро од било кој друг зошто сте со некој. Ако не сте сигурни за тоа, тогаш проблемот е апсолутно само ваш. Но ако сте сигурни, тогаш зошто би ги слушале другите? Кажете им љубезно дека само вие решавате дали вашата врска е добра за вас.
4. Не ги споредуваат своите врски со другите
Мора да разберете дека врските се разликуваат едни од други. Некои двојки минуваат многу време заедно, а други не. Некои сакаат поголемиот дел од времето да го минуваат дома, а други претпочитаат да излегуваат. Не постои правилен или погрешен пристап, сѐ додека и двајцата се чувствуваат среќни и остварени. Затоа нема никаква причина да ја споредувате вашата врска со други врски.
5. Приврзаноста е навистина важна
Вербалната и телесната приврзаност и искажување на внимание се суштествени за една здрава врска. Не се работи само за сексот, иако и тоа е многу важен дел од здравата љубовна врска. Важна е интимноста, особено кога зборуваме за долгорочна врска. Сексот можеби нема да биде толку добар како на почетокот, но интимноста е тоа што помага врската да потрае.
6. Не се обидуваат да се променат еден со друг
Ова особено важи за жените, но и за мажите исто така. Морате да го прифатите вашиот партнер со сите негови/нејзини недостатоци. Затоа и сте се вљубиле во таа личност. Никогаш не би можеле да ги промените, но дури и кога би можеле, која е поентата во тоа? Така само ќе создадете нова личност, личност која не ја сакате. Од друга страна, ни вие не би требале да се менувате заради некој друг. Треба да сте сакани заради тоа што сте и кога ќе најдете некој кој ќе ве сака поради тоа, тогаш тоа е вистинската личност за вас.
7. Се опуштаат и се забавуваат заедно
Дури ако и двајцата имате набиен распоред, мора да одвоите време еден за друг, и тоа време кое ќе го минете заедно мора да вреди. Вашето момче/девојка треба да знае како да ве опушти и да се забавува со вас, дури и ако сте го имале најлошиот ден во животот. За тоа служат врските.
8. Не си држат лутина еден на друг
Како што кажавме, комуникацијата е од суштествено значење за една среќна врска. Има многу причини поради кои мора добро да комуницирате со вашиот партнер, и една од нив е да го спречите држењето лутина. Некои нешта се очигледни, но сепак вашиот партнер не може да разбере сѐ што мислите само со тоа што ќе ви погледне во очите. Зборувајте си еден на друг. Споделувајте ги проблемите, мислите, сѐ што ве мачи. Не заборавајте да бидете искрени, бидејќи повеќето проблеми почнуваат поради недостаток од комуникација.
9. Се слушаат еден со друг
Дали мислите дека ја познавате вашата сакана личност? Дали ги знаете нејзините најдлабоки стравови, најсилните желби и нејзините ставови и мислења за светот? Ако не сте сосема сигурни за ова, тогаш можеби ќе треба да слушате малку повнимателно. И не заборавајте го ова: Не слушајте само колку да одговорите нешто, слушајте за да разберете.
10. Знаат како да се разведрат еден со друг
Кога вашиот партнер знае како да ве насмее дури и кога сте гневни за нешто, тогаш нека ви е честито! Сте ја нашле совршената љубов! Не заборавајте и вие да му/ѝ се најдете кога сте потребни.
11. Ги споделуваат целите и си помагаат еден на друг во нивното постигнување
Среќната врска не значи само минување време заедно, гледање филмови и озборување. Длабоките разговори се исто така важни како и знаењето на соништата еден на друг. Покрај тоа, кога вашиот партнер зборува за своите цели и сништа, мора да му пружите поддршка.
12. Разбираат дека понекогаш некој мора да попушти
Сѐ додека тоа не сте постојано вие. Среќните двојки не се себични. Можат да си поминуваат убаво само со тоа што ќе се заедно. Можеби некогаш ќе посакате да се забавувате поинаку од она што го сака вашиот партнер во моментот, но од време на време можете да му/ѝ направите услуга. Компромисот понекогаш може да помогне во решавањето на сериозни проблеми сѐ додека и двајцата сте среќни после тоа.
13. Можат да си ги признаат грешките
Тоа е уште една причина поради која не би требало да сте себични. Обвинувањето еден со друг за сѐ е бесмислено. Земете одговорност за вашите дела и почитувајте и почитувајте го фактот дека вашиот сакан или сакана не може цело време да греши ниту вие секогаш да сте во право. Со постојаното обвинување не се постигнува ништо. Или и двајцата ќе имате подеднаков удел во преземањето на одговорност за проблемите со кои ќе се соочите, или проблемите ќе ве имаат и двајцата.
14. Си ги почитуваат пријателите и семејствата еден на друг
Дури и ако потајно мразите кога мора да поминете некое време со пријателите на вашиот сакан или сакана, или ако мислите дека неговата/нејзината мајка постојано нешто ве испитува, мора да ги почитувате бидејќи тие се најважните луѓе во животот на вашиот партнер. Ги сакате поради тоа што се, и затоа мора да ги сакате и нивните пријатели и семејства поради истата причина.
15. Можат да си простат еден на друг
Секој прави грешки, мали или сериозни. Вистинската љубов знае да прости и тоа е нешто што секогаш треба да го имате на ум. Трпението едноставно претставува способност да дозволите вашата светлина да го осветли тој кој го сакате, дури и кога ќе ви прегори осигурувачот. А прошката се состои во тоа длабоко во себе да знаете дека вашиот партнер не го мислел тоа.
16. Ги помнат малите нешта
Кажувањето на зборови како „те молам“ и „благодарам“ не треба да бидат резервирани само за вашите колеги или вашиот шеф на работа. Добрите манири се важни – дури и кога дваесет годиини сте со некого. Покажете ја истата почит кон вашата сопруга која би ја покажале и кон некој гостин. Направете учтив разговор или зошто и да не го понудите го вашиот партнер со пијалок? Малата љубезност и учтивост може многу да направи во запазувањето на взаемната почит.
17. Ќе заштедат малку време и пари за да патуваат заедно или одвоено
Патувањето заедно може да биде силен поттик во една врска, но исто може да биде и патувањето поединечно. Многу среќни, здрави парови си земаат кратки одмори, или пак редовно патуваат некаде со некаква социјална група. Можноста да се биде сам, да се запознаваат нови пријатели или да се ужива во авантури без вашиот партнер може да биде моќно нешто. На крајот ќе му се вратите на вашиот партнер или партнерка полни со енергија, воодушевени и повљубени од кога било.
18. Никогаш не си легнуваат налутени
Има една стара изрека „никогаш не легнувај си налутен“. Но дали половина час по полноќ навистина е време да се разговара за некој проблем? Ако вечерта сте имале некое несогласување, не разговарајте за тоа кога сте уморни. Договорете се следниот ден да разговарате, кажете си добра ноќ и оставете проблемот да преспие. Следното утро нештата ќе бидат многу појасни.