Чинот на посвојување екогаш претставува херојски чекор за еден родител, но оваа жена од Чиле отишла чекор подалеку. Нејзината мисија е да посвојува бебиња кои починале. Кога Бернарда Галардо за првпат почнала да го прави ова, судиите за посвојување биле сомничави, но набргу се убедиле дека нејзините мотиви биле чисти. Сѐ што сакала таа е да им обезбеди соодветен погреб на децата кои судбината буквално ги исфрлила на буниште.
Бернарнда Галардо почнала да го прави ова кога била во процес на посвојување на бебе, кога налетала на статија во весник во која се раскажувало за тоа како едно бебе било најдено во куп ѓубре. „Убиле новороденче и го фрлиле во ѓубре“, раскажувала статијата. Според законите на Чиле, доколку никој не дојде по телото на мртвото бебе, неговите останки се третираат како човечки отпад и се исфрлаат заедно со другиот медицински отпад.
Бернарда си помислила дека ако бебето било оставено во живот, можеби токму таа ќе го посвоила. Тогаш се решила да го најде починатото бебе, па дури и му го дала името „Аурора“ уште пред да го најде.
Кога ја нашла Аурора, се обратила кон властите да ѝ дозволат да го посвои несреќното девојче. Судијата првин си помислил дека Бернарда можеби е вистинската мајка на детето, која чувствува вина затоа што го напуштила.
Кога биле разјаснети нејзините намери и ѝ било одобрено посвојувањето, Бернарда одржала погреб во чест на Аурора на кој присуствувале 500 луѓе, вклучувајќи го и самиот судија.
Оттогаш Бернарда посвоила уште три мртви бебиња кои биле упатени кон отпадот. Во моментот е во процес на посвојување на уште едно починато девојче.
Многу бебиња се отфрлани бидејќи мајката била жртва на силување и семејството или не може да си дозволи или едноставно одбива да се грижи за несаканото дете. Бернарда се нафатила на оваа кауза делумно и поради тоа што и самата била жртва на силување. За среќа, нејзиното семејство ѝ помогнало да ја одгледа нејзината ќерка. Кога само би можело истото да се каже и за Аурора и другите деца. Но, барем оваа пожртвувана жена им овозможува испраќање какво што заслужуваат.