Замислете си кога ќе одите во тоалет, наместо клаустрофобичната атмосфера на затвореност да се почувствувате како да сте на отворено, на некое егзотично место. Ова чувство се постигнува со помош на овие специјано дизајнирани 3D подови, со искосени фотографии и повеќебројни проѕирни слоеви кои прават вашата бања да изгледа како да се наоѓа некаде надвор во природата.
Компанијата „Империал“ од Дубаи сега за сега владее со пазарот за дизајн на 3D подови, но овој производ стана премногу популарен за уште долго да остане ексклузивен.
Според „Империал“, течните тродимензионални подови се неодамнешен пронајдок кој сега за сега најмногу се применува во хотелите, канцелариите и шопинг центрите. Но, се разбира, оваа техника на украсување не мора да се ограничи само на подовите на бањите, тие можат да бидат соодветни за било каква просторија.
Со огромни чекори зачекоруваме во иднината, правејќи нешта кои нашите предци не можеле ни да си ги замислат. Погледнете ги следните восхитувачки фотографии.