Мажот си купил шише шампањ, решил да си го испие сам и го скрил во казанчето на тоалетот. Си легнале вечерта, почекал тој 20-тина минути и пооолека, пооолека се обидел да премине преку жената за да отиде во тоалетот.
Таа го разбрала погрешно и прошепотила:
– Немој, немој. Детето уште не е заспано…
Почекал тој уште половина час и се обидел повторно да ја премине.
– Немој, немој, детето уште е будно!
По 1 час жената заспала. Тој тивко отишол во тоалетот, го зел шишето, го отворил и се слушнало “БУМММ …”
Од детската соба излегува детето и трча во спалната соба со солзи на очите:
– „Немој, немој!“ – Сега задоволна ли си?! Tато се самоуби во тоалетот!!!