Мостот Ешима Охаши во Јапонија сигурно ќе направи и најискусните возачи да ги облее студена пот. Мостот е изграден на овој начин за бродовите да можат да поминат под него. Протегајќи се 1.7 километри преку езерото Накауми, бетонскиот мост ги поврзува градовите Матсуе и Сакаиминато. Стрмниот мост неодамна бил прикажан во реклама за комбе на јапонскиот производител на автомобили Даихацу Танто, со цел да се прикаже издржливоста на возилото.