Запознајте се со Меган В. Блазиер, фотограф на недвижнини, самохрана мајка и уметник. Меган создава прекрасни и уникатни пејсажи изненадувајќи ги луѓето кога ќе дознаат со што работи. Сите нејзини дела ги направила со обичен Canon PowerShot SX40HS.
Својата прва камера ја набавила по раѓањето на нејзиниот син, со цел да го документира неговото растење и нивниот заеднички живот. Но, наскоро увидела дека тоа е одличен начин да се ослободи од притисокот на секојдневниот живот како самохрана мајка. Меган наоѓа инспирација од секојдневните сцени, сцени коишто просечнииот човек може да ги одмине без да ги забележи. Ја фасцинираат старите и напуштени згради и со нејзината фотографија сака да им вдахне нов живот.
Набргу почнала да развива свој уникатен стил. Мрачен, тежок, атмосферски и мистериозен. Начинот на кој ја контролира светлината на нејзините дела им дава опсег и длабочина кои прават да почувствувате дека би можеле да влезете во нив.
Меган вели „Не е важна камерата, туку кој стои зад неа.“