Кога стаорци ѝ ги изеле нозете на 90-годишната желка по име Г-ѓа Т од Пембрук, Велс, додека била во зимски сон, нејзината сопственичка Џуд Рајдер се плашела од најлошото. Ветеринарот кој ја чинел 1000 фунти не успеал да стори многу за да ја промени ситуацијата, сѐ додека нејзиниот син Дејл кој е инженер по професија на оклопот на желката не залепил тркала од макета на авион, овозможувајќи ѝ да се движи двапати побрзо од порано. Дејл ја добил Г-ѓа Т како подарок кога имал осум години, и кога таа веќе имала шеесет години.
„Како да сте ѝ вградиле турбо машина – сега се движи двојно побрзо од порано. Г-ѓа Т е сѐ уште млада колку за желка. Вака би можела да живее уште педесеттина години. Сѐ што ќе треба е да ѝ се сменат гумите од време на време.“
Не е ретка појава желките да биваат напаѓани од стаорци. Најстарата желка во Британија, 130-годишниот Томас, умре како последица на каснување од стаорец во 2013 година.