Еден човек почувствувал дека повеќе не може да ја игнорира жената бездомник која живеела на неговата улица и решил да ѝ направи живеалиште. Шеесетгодишната жена наречена Смоки спиела на улицата неколку куќи подолу од Елвис Самерс во неговото соседство во американскиот град Лос Анџелес.

Речиси секое утро таа ќе наминела кај неговиот апартман и ќе го прашала дали има нешто за рециклирање што би можел да ѝ го даде на неа. Со текот на времето, помеѓу нив се родило пријателство кое ќе го промени животот на Смоки.

Еден ден, Елвис прочитал статија во весник за човек од Оукленд кој изработува мали куќички од отпаден материјал. Тоа го вдахновило да одвои извесна сума на страна за да купи материјал потребен за новиот дом на Смоки. За да го изгради живеалиштето, на Елвис му биле потребни пет дена и сега, за првпат по десет години, Смоки има покрив над главата. За Голд Њуз Нетворк Елвис го изјавил следното:

„Немав друго место каде би го изградил живеалиштето, па така едноставно го направив тоа на улицата пред мојот апартман. Локалните полицајци беа супер и ми кажаа дека го поддржуваат ова, но дека по 72 часа куќичката ќе треба да се премести на друго место.“

k01

Материјалот потребен за изградбата на новиот дом на Смоки, вклучувајќи ги и двете брави за предната врата, го чинел Елвис околу 500 долари.

k02

Луѓето кои минувале додека Елвис го конструирал домот на Смоки дури прашувале и колку ќе наплаќа за кирија, но тој никогаш не помислувал на некаква заработка од тоа.

„Сум сретнал толку многу бездомни луѓе, добри луѓе. По изградбата на домот на Смоки, неколкумина ме замолија и на нив да им напраам мала куќичка, па така ова се претвори во многу повеќе од планираната една куќа за Смоки.“

Така, тоа го инспирирало Елвис да го покрене проектот наречен „Mythpla“ ((My Tiny House Project LA – Проект за мојата мала куќичка во Лос Анџелес) со кампања за отворен повик за финансирање кон сите луѓе волни да помогнат.

„Би сакал да им дадам цел на тие луѓе кои чувствуваат потреба и да ги најмам да изработуваат мали куќи заедно со мене. Дури закажав и состанок со Ерик Гарсети, градоначалникот на Лос Анџелес за да се обидам да ја добијам и неговата помош. Во сопственост на градот постојат многу имоти коишто само седат така и собираат прав, а би можеле да бидат користени за луѓе кои имаат потреба, дури и само привремено, за да се помогне да се спасат човечки животи.“

k03

Елвис дури и ѝ дал мобилен телефон на Смоки за да биде во допир со нејзиното семејство и ѝ помага во полнењето на телефонот.

„Сега уште кога би можел да ја убедам да не го користи радиото на телефонот толку често, не би требало толку често да се полни“, вели тој.

Сподели на Facebook
пати видено